Една особа е повредена со нож во инцидент што се случил во четвртокот вечерта пред зградата на БИГЗ во бегардскиот Булевар војводе Мишиќ. До судирот дошло по претходна физичка пресметка меѓу двајца мажи, при што 21-годишниот осомничен К.К. извадил нож и го ранил 32-годишниот Б.А. во пределот на градите.
Повредениот маж бил итно пренесен во Ургентниот центар, каде му биле констатирани полесни телесни повреди, со што за влакна избегнал повреди опасни по живот. Брзата интервенција на полицијата резултирала со идентификување и апсење на напаѓачот К.К., кај кој бил пронајден и ножот со кој го извршил нападот, по што против него е поднесена кривична пријава.






