Тешка сообраќајна несреќа со трагичен исход се случила рано утрово во Хрватска, на патот што ги поврзува Загреб и Велика Горица.
Според првичните информации што ги пренесуваат хрватските медиуми, несреќата се случила околу 4:30 часот, кога автомобил од засега непознати причини излетал од коловозот и со голема сила удрил во столб за јавно осветлување.
Во несреќата животот го загубиле две лица.
На местото веднаш пристигнале полициски екипи и итните служби, а сообраќајот на овој дел од патот бил отежнат додека траел увидот.
Во моментов не се објавени информации за идентитетот на загинатите, ниту е познато што точно довело до губење контрола над возилото.
Полицијата спроведува истрага и увид по што треба да бидат познати повеќе детали за околностите под кои се случила трагедијата.









