Сериозен инцидент се случил утрово во средно училиште во Загреб, каде ученик со остар предмет повредил друг ученик и вработен во училиштето.
Според информациите од загрепската полиција, нападот се случил околу 8 часот во образовна установа на улицата „Конавоска“.
Повредените веднаш добиле лекарска помош, а ученикот за кој постои сомнение дека го извршил нападот е ставен во полициски притвор.
„Денес, 11 септември, околу 8 часот, во образовна установа на улицата ‘Конавоска’ во Загреб се случи инцидент во кој ученик со остар предмет повредил друг ученик и вработен во установата. Ученикот што ги нанел повредите е во полициски притвор“, соопшти загрепската полиција.
Според неофицијални информации објавени од хрватските медиуми, напаѓачот за време на инцидентот наводно носел фантомка. Оваа информација засега не е официјално потврдена од полицијата.
На местото се врши увид, а во тек е и криминалистичка истрага со која треба да се утврдат мотивот и сите околности под кои дошло до нападот.
Засега нема официјални информации за степенот на повредите на ученикот и вработениот.









