Едно лице загина, а друго се здоби со тешки повреди во тешка сообраќајна несреќа што рано утринава се случила во местото Неменикуќе, во општина Сопот, во близина на Белград.
Според првичните информации, несреќата се случила околу 3:30 часот, кога автомобил „Фиат Пунто“, од засега непознати причини, излетал од коловозот и со голема сила удрил во бетонската ограда на семејна куќа.
Неофицијално, во возилото се наоѓале двајца браќа. Медицинските екипи по пристигнувањето можеле само да констатираат смрт кај едниот од нив, додека другиот, 22-годишен млад човек, бил итно пренесен во Ургентниот центар, каде лекарите се борат за неговиот живот.
По наредба на надлежното обвинителство, телото на загинатиот е испратено на обдукција, која треба да ги утврди точните причини за смртта.
Полицијата извршила увид на местото на несреќата, а истрагата треба да ги утврди сите околности што довеле до трагичниот настан.










