ПРВ.мк
Балкан

Кобен судир при гаснење пожари – загинаа двајца членови на екипажот (ВИДЕО)

Кобен судир при гаснење пожари – загинаа двајца членови на екипажот (ВИДЕО)

Двајца членови на екипажот загинаа во тешка несреќа што се случи за време на акција за гаснење на големиот шумски пожар кај Псата, западно од Атина, кога два противпожарни хеликоптери се судрија во воздух.

Според првичните информации, животот го загубиле романски пилот и грчки навигатор, додека останатите двајца членови на екипажите биле спасени. Пилотите на двата хеликоптера биле романски државјани, а навигаторите Грци.

Несреќата се случила при ниско летање додека леталата учествувале во гаснењето на пожарот. По судирот, едниот хеликоптер се урнал, додека другиот успеал да ја исфрли водата и безбедно да слета.

Од грчката противпожарна служба соопштија дека во двата хеликоптера имало вкупно четири лица. Двајца биле пронајдени живи, а двајца биле извлечени без знаци на живот и предадени на екипите на итната медицинска помош.

Пожарот кај Псата е меѓу најголемите што деновиве ја зафатија Грција. Огнената стихија досега уништи повеќе од 100 куќи, а силниот ветер продолжува да го отежнува гаснењето и ги принудува властите да евакуираат повеќе населени места.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА