Педесет и четиригодишен жител на Велес е лишен од слобода откако, според информациите од полицијата, по невнимание предизвикал пожар во близина на селото Башино Село.
Од СВР Велес информираат дека инцидентот се случил на 1 август околу 13:25 часот, кога мажот сечел метален предмет со алат, при што искрите ја запалиле сувата трева во непосредна близина.
Во пожарот нема повредени лица, а огнената стихија била брзо локализирана и изгасната од самиот Д.Б. и лица кои се нашле во близина.
За случајот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа на СВР Велес. По целосното документирање на настанот, против 54-годишниот велешанец ќе биде поднесена соодветна пријава.






