ПРВ.мк
Балкан

Ја одвел во стан, ја задушил со парче облека, па телото го спакувал во куфер: Вака изгледале последните часови на убиената Русинка

Ја одвел во стан, ја задушил со парче облека, па телото го спакувал во куфер: Вака изгледале последните часови на убиената Русинка

Дваесет и седумгодишната руска државјанка Људмила Туркова Константиновна, која на 23 јули допатувала во Белград од Истанбул, престојувала во изнајмен апартман на Савски Венац, но неколку дена подоцна трагично го загубила животот.

Последен пат контактирала со своето семејство ноќта меѓу 25 и 26 јули, кога им кажала дека е излезена со пријателки. По таа порака нејзиниот телефон бил исклучен, а од тогаш ѝ се губи секаква трага.

Според српските медиуми, снимките од надзорните камери одиграле клучна улога во истрагата. На нив, наводно, се гледа како младата жена влегува во една зграда заедно со 25-годишен турски државјанин, кој подоцна е осомничен за убиството. Неколку часа подоцна истиот маж бил снимен како сам ја напушта зградата со голем куфер.

Обвинителството соопшти дека осомничениот ги негирал обвиненијата, но врз основа на досегашната истрага против него е поведена постапка. За него е побаран притвор поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и тежината на делото.

Истражителите до осомничениот стигнале преку анализа на мобилниот телефон и движењето на жртвата. Нејзиниот идентитет бил потврден по пронаоѓањето на телото, а според информациите, клучна улога во неговото лоцирање имало полициско куче трагач.

Осомничениот бил уапсен на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, непосредно пред да се качи на лет и да ја напушти Србија. Истрагата за случајот продолжува.