ПРВ.мк
Балкан

Очевидци во шок: Поранешниот кошаркар влета во пламен за да спаси возач

Очевидци во шок: Поранешниот кошаркар влета во пламен за да спаси возач

Поранешниот српски кошаркарски репрезентативец Милан Гуровиќ стана херој на денот, откако спаси човек од запален автомобил во близина на центарот на Белград.

Според српските медиуми, Гуровиќ се враќал дома кога автомобилот што се движел пред него ненадејно изгубил контрола и застанал покрај патот, само неколку метри пред неговото возило.

Само неколку секунди подоцна избувнал пожар, а поранешниот кошаркар без двоумење притрчал и успеал да го извлече возачот од автомобилот.

Возилото за околу триесет секунди било целосно зафатено од пламен, а очевидците велат дека брзата реакција на Гуровиќ била пресудна за спасување на човечкиот живот.

„Сѐ се случи за неколку секунди. Да задоцнеше само малку, последиците ќе беа трагични“, изјавиле сведоци, кои ја пофалија неговата храброст и присебност.