ПРВ.мк
Балкан

СТРАШНА СЕМЕЈНА ТРАГЕДИЈА: Животот го загубија татко и неговите две деца - еве што се случувало!

СТРАШНА СЕМЕЈНА ТРАГЕДИЈА: Животот го загубија татко и неговите две деца - еве што се случувало!

Според информациите на Полициската управа Крапина-Загорје, пријавата за пожарот била примена околу 7:20 часот, откако било пријавено дека од куќата се издига густ црн чад. Во пријавата било наведено и дека претходно била слушната експлозија.

Пожарникарите пристигнале на местото за неколку минути и брзо го локализирале пожарот. Како што изјавил претседателот на Противпожарната служба на Крапинско-загорската жупанија, Стјепан Скулибер, пожарот бил целосно изгаснат во 7:38 часот, по што во куќата биле пронајдени три безживотни тела.

Според локалните медиуми, меѓу жртвите се татко и неговите две деца. Неофицијално, едното дете било матурант, а другото годинава го завршило основното образование.

Локалниот портал Zagorje.com објави дека дел од соседите изјавиле оти непосредно пред избувнувањето на пожарот слушнале три истрели. Сепак, овие информации засега не се потврдени од полицијата.

Според истите извори, сопругата на загинатиот и мајка на децата во моментот на трагедијата не била во домот, бидејќи била на работа. Таа пристигнала на местото на настанот откако била известена за пожарот.

Полицијата и надлежните служби вршат увид, а причините за пожарот и околностите под кои настанала трагедијата ќе бидат утврдени по завршувањето на истрагата.