ПРВ.мк
Балкан

СТРАШНА НЕСРЕЌА: Воз удри во комбе - сообраќајот целосно запрен!

СТРАШНА НЕСРЕЌА: Воз удри во комбе - сообраќајот целосно запрен!
Kristal

Утрово околу 9 часот се случила сериозна сообраќајна несреќа на железничката пруга Зaблаќе – Чачак, кога воз удрил во комби возило на патен премин, поради што веднаш бил прекинат железничкиот сообраќај на оваа делница.

Според информации од извор запознаен со случајот, несреќата се случила на локација која била целосно и прописно обележана со сообраќајни знаци и со обезбедена прегледност. И покрај тоа, од засега неутврдени причини дошло до директен судир помеѓу патничкиот воз и комбито.

Во несреќата едно лице се здобило со повреди, а станува збор за возачот на комбито. Засега нема официјални информации за степенот на неговите повреди.

На местото на настанот веднаш биле испратени екипи на полицијата и Итната медицинска помош, а се очекува и пристигнување на надлежни служби од Железници на Србија, кои ќе извршат увид и ќе утврдат како точно дошло до несреќата.

Поради инцидентот, железничкиот сообраќај на пругата Зaблаќе – Чачак е целосно во прекин, а повеќе информации се очекуваат по завршување на истрагата.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo