ПРВ.мк
Свет

ЗАГИНАА ЖЕНА И ДЕТЕ: Дрон удри во зграда и предизвика пожар!

ЗАГИНАА ЖЕНА И ДЕТЕ: Дрон удри во зграда и предизвика пожар!
Kristal

Тешка ноќ зад Украина по нови руски напади со беспилотни летала, при што загинаа цивили, а повеќе лица се повредени. Најтрагичните последици се регистрирани во Харковската област, каде животот го загубиле жена и дете по удар на руски дрон.

Според соопштението на украинската Државна служба за вонредни состојби, нападнато било населено место во областа Богодухов. Едно од беспилотните летала директно погодило станбена зграда, која била целосно уништена. По ударот избувнал силен пожар, кој подоцна бил изгаснат од противпожарните екипи, но за жал, за дел од жртвите немало спас.

Паралелно со нападите на североистокот на земјата, руски дронови ја погодиле и Одеса. Според изјавата на шефот на регионалната администрација, Олег Кипер, во текот на ноќта во нападот загинала една лице, а две лица се здобиле со повреди.

Тој преку објава на Телеграм информираше дека во масовниот напад биле оштетени повеќе станбени објекти, а пожари избувнале како на згради, така и на автомобили паркирани во нивна близина. Благодарение на брзата интервенција, пожарите биле локализирани и изгаснати за кратко време.

Нападите се дел од поширока ескалација на воените дејствија, при што украинските власти предупредуваат на сериозни ризици за цивилното население и продолжуваат со напори за заштита и евакуација на загрозените подрачја.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo