ПРВ.мк
Балкан

ШОКАНТНО СВЕДОШТВО: Како Кина ги копираше тајните на Југославија за да стане светска сила?

ШОКАНТНО СВЕДОШТВО: Како Кина ги копираше тајните на Југославија за да стане светска сила?
Kristal

Кога професорката по економија, Шао Бин-Хонг, студирала во Белград во 1978 година, не можела ни да замисли што ќе следува. „За нас, Југославија беше богата, модерна и напредна земја. Секој чекор овде ни покажуваше како изгледа вистинскиот развој“, се сеќава таа.

Следната година, најпознатиот кинески економист, Сон Џефанг, отпатувал на кратка посета во Југославија. На состанок во амбасадата, тој им рекол на студентите: „Запаметете го ова искуство. Учете го системот, праксата, теоријата. Кога ќе се вратите во Кина, ќе градите земја која за 50 години ќе достигне вашиот денешен стандард.“

Овој совет предизвикал вистинска „револуција“ во Пекинг. Формирано е посебно здружение за проучување на Југославија – новинари, преведувачи, истражувачи, сите работеа ден и ноќ, до 1982 година, учејќи за самоуправниот економски систем. Дури е повикан и професор од Белград за предавање на нивниот Економски факултет.

Децении подоцна, Шао Бин-Хонг се вратила во Белград и видела мостови и други инфраструктурни проекти изградени од кинески компании. „Знаете што е најинтересно? И тие инженери беа ‘југословенски ученици’. Тие веќе во 1983 учеле од југословенските градежни компании во Ирак“, раскажува таа.

Замислете – цела генерација кинески економисти и инженери го следела југословенскиот пат, изучувала тајните на прогресот и го пресликала во својата земја. Денес, овие лекции од минатото сè уште градат мостови – буквално и симболично – помеѓу две некогаш далечни држави.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo