Рано утрово од реката Сава, во близина на Савски венац во Белград, било извлечено тело на повозрасна жена.
Телото е предадено на обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта.
Според првичните информации, на телото не биле забележани видливи траги на насилство.
Надлежните органи вршат истрага за да ги утврдат сите околности поврзани со случајот.







