ПРВ.мк
Балкан

Сакате да го избегнете хаосот на Евзони? Оваа рута е сè попопуларна

Сакате да го избегнете хаосот на Евзони? Оваа рута е сè попопуларна

Во екот на летната туристичка сезона, граничниот премин Стар Дојран – Дојрани станува сѐ попопуларна алтернатива за патување кон Грција, особено меѓу туристите кои сакаат да ги избегнат долгите колони на преминот Евзони.

Главната предност на оваа рута е што преминот работи 24 часа, а вообичаено има значително пократко време на чекање, што овозможува побрз и поудобен влез во Грција.

Најисплатлива е за патниците кои се упатуваат кон Солун, Халкидики, Кавала и Тасос. По преминувањето на границата, патот продолжува преку Килкис, а потоа кон источниот дел на Грција.

За оние што патуваат кон Олимписката ривиера или Јонското Море, оваа рута е малку подолга – приближно 35 километри повеќе во споредба со патувањето преку Евзони. Сепак, многу возачи сметаат дека дополнителното растојание е помала непријатност отколку повеќечасовното чекање на граничниот премин.

Пред тргнување на пат, се препорачува патниците да ја проверат актуелната состојба на граничните премини и сообраќајот, за да ја изберат најбрзата и најсоодветната рута за својата дестинација.