Земјотрес со магнитуда од 2,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран рано утрово, на 23 ноември, во Бугарија, во близина на градот Смолјан.
Според податоците, потресот се случил во 04:02 часот, а епицентарот бил лоциран на околу 8,1 километар североисточно од Смолјан. Земјотресот бил регистриран и на оддалеченост од 166 километри од главниот град Софија.
Станува збор за слаб земјотрес, а засега нема информации дека бил почувствуван од жителите на околните населени места. Нема пријавени последици или информации за евентуална материјална штета.








