ПРВ.мк
Балкан

Птичји грип во регионот – нема причина за паника ако се придржувате на овие мерки!

Птичји грип во регионот – нема причина за паника ако се придржувате на овие мерки!
Kristal

Во периодот од 1 септември до 31 октомври 2025 година, кај диви птици во 26 европски земји биле пријавени 456 случаи на високопатоген птичји грип (HPAI) од поттипот H5N1, додека биле регистрирани и 106 епидемии кај живината и 22 кај птиците во заробеништво. Податоците од Европскиот систем за пријавување болести укажуваат на тренд на пораст, што загрижува ветеринарните служби.

На 30 октомври 2025 година, во Словенија бил потврден првиот случај на HPAI оваа година, кај црвеноклунест лебед пронајден мртов во Општина Велење, што потврдува дека вирусот продолжува да се шири меѓу дивите птици во Централна Европа.

Превентивните мерки остануваат задолжителни и во Хрватска, каде што поради висок ризик од појава на болест, продолжува примената на наредбата за спречување ширење на птичји грип. Таа вклучува:

  • Задолжителна хигиена и биолошка безбедност во сите земјоделски култури.
  • Чување живина и птици во заробеништво без контакт со диви птици.
  • Одделно чување на водни птици (патки, гуски) од другите видови.

Хрватското Министерство за земјоделство апелира до сопствениците на птици да бидат одговорни и да пријавуваат секое намалување на апетитот, промена во однесувањето или смрт на животните на надлежната ветеринарна служба.

Во нашата земја, засега нема регистрирани случаи на заболени птици, но епидемиолозите предупредуваат на внимателност. Д-р Драган Даниловски, епидемиолог, истакнува дека H5N1 е познат вирус што циркулира повеќе од две децении и дека во моментов нема докази за ефикасен пренос помеѓу луѓето, па ризикот за населението е низок.

Тој дополнува дека инфекциите кај луѓето се ретки и обично се јавуваат по директен контакт со заразена птица, без докази за пренос од човек на човек. Системот за рано предупредување и контрола на заразни болести е активен, а постои и координација меѓу ветеринарниот и здравствениот сектор.

Д-р Даниловски потенцира дека не е потребна паника, доволно е да се избегнува контакт со мртви или сомнителни птици и при сомнеж да се известат надлежните служби.

За потсетување, минатата година во Скопската Зоолошка градина беше потврден птичји грип, по што беа убиени 36 птици, но болеста не се прошири, што покажува дека со правилни мерки, ризикот може успешно да се контролира.

Escape