ПРВ.мк
Балкан

(Видео) Љубовна драма заврши со три жртви: Објавени снимки од полициската акција

(Видео) Љубовна драма заврши со три жртви: Објавени снимки од полициската акција

Албанија е потресена од трагичен случај што заврши со три загинати лица, откако маж осомничен за двојно убиство ја држел својата поранешна свршеница како заложник речиси 12 часа.

Според информациите од албанските медиуми, 35-годишниот Нертил Бузи е осомничен дека рано наутро влегол во домот на родителите на својата поранешна свршеница во селото Видиште, во близина на Рошковец, каде што ги застрелал нејзиниот татко Коста Плака и мајката Лела Плака. Таткото починал на местото, додека мајката била пренесена во болница, но подоцна им подлегнала на повредите.

По нападот, осомничениот ја однел 24-годишната Розалинда со автомобил и се упатил кон блиското село Курје, каде што започнала повеќечасовна заложничка криза.

Албанската полиција со часови преговарала со него, а снимки од дрон објавени во медиумите ја прикажуваат завршницата на драмата. На видеото се гледа како девојката излегува од возилото и разговара со осомничениот, додека полициски службеник внимателно ѝ се приближува.

Во еден момент полицаецот успеал да ја извлече на безбедно, носејќи ја во раце подалеку од возилото. Според првичните информации, веднаш потоа осомничениот си го одзел животот со огненото оружје што го имал кај себе.

Розалинда не се здобила со физички повреди, додека истрагата треба да утврди што точно довело до трагедијата. Засега не е познато што било мотивот за злосторството, иако медиумите наведуваат дека поранешниот пар бил во врска девет години и бил свршен пред да ја прекине врската.


Видео: