Основното државно обвинителство во Улцињ донесе решение за задржување до 72 часа на државјанка на Северна Македонија со иницијали С.С., која е осомничена за кривичното дело „убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште“.
Според информациите од обвинителството, постои основано сомнение дека осомничената, управувајќи автомобил „Мерцедес“, во близина на Булеварот „Теута“ во Улцињ прегазила и усмртила домашно куче од расата шарпланинец.
Во соопштението се наведува дека кучето било во сопственост на локален жител.
Надлежните органи продолжуваат со истрагата за целосно утврдување на сите околности поврзани со случајот, по што ќе бидат преземени понатамошните законски мерки.








