ПРВ.мк
Свет

(Видео) Страшни сцени од Русија: Невремето рушеше дрвја и далноводи, има загинат (ФОТО)

(Видео) Страшни сцени од Русија: Невремето рушеше дрвја и далноводи, има загинат (ФОТО)

Силно невреме проследено со силен ветер го погоди рускиот град Ростов на Дон, при што едно лице го загуби животот, а уште 13 се повредени, соопштија локалните власти.

Ветерот корнеше дрвја, уриваше далноводи и предизвика значителна материјална штета на повеќе локации низ градот. Поради опасните временски услови, интервенирале службите за итни случаи кои работат на расчистување на последиците.

Градоначалникот на Ростов на Дон, Александар Скриабин, информираше дека седум од повредените биле пренесени во болница на понатамошно лекување.

„За жал, невремето не предизвика само материјална штета. Повредени се 13 лица, седуммина се хоспитализирани, а едно лице го загуби животот“, соопшти Скриабин преку Телеграм.

Тој изрази сочувство до семејството на загинатото лице и им посака брзо закрепнување на повредените.

Надлежните служби и понатаму ја проценуваат штетата и работат на нормализирање на состојбата по силното невреме.