ПРВ.мк
Балкан

Повторно се воведува војска: 18-годишните мора на обука, следуваат казни

Повторно се воведува војска: 18-годишните мора на обука, следуваат казни

Хрватска повторно ја враќа задолжителната воена обука за сите 18-годишни момчиња, а законот ќе стапи на сила веќе од следната година. Владата ја донела оваа одлука поради растечките геополитички тензии и недостигот на воен кадар, а според новите правила, сите машки државјани по наполнети 18 години ќе мора да поминат тримесечна обука во воени центри низ земјата.

Оние кои ќе одбијат да се јават на повикот ќе се соочат со високи парични казни – и до 1300 евра, а во одредени случаи и со кривични постапки. Иако државата тврди дека целта е „јакнење на одбранбените способности и патриотската свест“, дел од јавноста остро реагира, сметајќи дека ова е враќање чекор наназад кон стариот воен систем.

Министерството за одбрана објави дека обуката ќе биде насочена кон физичка подготвеност, дисциплина, но и учење на основни тактички и хуманитарни вештини – како прва помош и снаоѓање во кризни ситуации. Девојките нема да бидат обврзани, но ќе можат доброволно да се пријават.

Се очекува првата група регрути да започне со обуката во пролетта 2026 година, со што Хрватска станува првата земја од регионот која повторно воведува задолжителна воена служба по повеќе од една деценија пауза.

Escape