Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди грчкиот полуостров Халкидики, а епицентарот бил лоциран во близина на Ситонија.
Според информациите на порталот „Теспост“, кој се повикува на податоци од локалниот Геолошки институт, земјотресот бил регистриран околу 12:45 часот по локално време, односно во 11:45 часот според средноевропското време.
Потресот се случил на релативно мала длабочина од околу 10 километри, додека епицентарот бил оддалечен приближно 50 километри од населбата Сикија.
Според првичните информации по земјотресот, нема пријавени загинати или повредени лица. Засега не е евидентирана ниту материјална штета.
Надлежните служби продолжуваат да ја следат состојбата, додека првичните податоци укажуваат дека земјотресот поминал без последици по населението и објектите.






