ПРВ.мк
Македонија

Клековски на 12. Турски медицински светски конгрес во Истанбул: Глобалните здравствени предизвици бараат заеднички одговори

Клековски на 12. Турски медицински светски конгрес во Истанбул: Глобалните здравствени предизвици бараат заеднички одговори

Министерот за здравство, Клековски, денеска се обрати на отворањето на 12. Турски медицински светски конгрес во Истанбул, кој се одржува во организација на Министерството за здравство на Република Турција и Институтот за здравство на Турција, а под покровителство на претседателот на државата. Овогодинешната централна тема на конгресот е „Иновативно здравство: отпорни здравствени системи, наспроти глобалните здравствени закани“.

Во своето обраќање, министерот Клековски му го честиташе на турскиот народ празникот – 103 години од прогласувањето на Република Турција, посакувајќи мир и благосостојба.

— Глобалните здравствени предизвици бараат заеднички одговори. Затоа, Македонија останува отворена за соработка со сите партнери кои ја споделуваат визијата за модерни, иновативни и отпорни здравствени системи, истакна Клековски.

Тој нагласи дека дигиталната трансформација на здравството претставува еден од клучните приоритети на Министерството, поле на кое Турција има значајно искуство и успешни практики.

Во рамки на работната посета на Истанбул, министерот Клековски ќе оствари повеќе билатерални средби, меѓу кои и официјална средба со министерот за здравство на Република Турција, проф. д-р Кемал Мемишоглу.

Најнови вести