ПРВ.мк
Македонија

Подготвени за есенските дождови: Кавадаречките пожарникари на терен чистат олуци на сите јавни објекти

Подготвени за есенските дождови: Кавадаречките пожарникари на терен чистат олуци на сите јавни објекти

Со цел навремена подготовка за претстојните врнежливи периоди, екипите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Кавадарци започнаа со акција за чистење на олуците на сите општински институции.

Преку овие зафати се врши редовно одржување на објектите и се спречува затнување на одводните системи. Одговорното и посветено работење на терен останува приоритет во интерес на заштитата и безбедноста на јавната инфраструктура.

Најнови вести