ПРВ.мк
Македонија

РОЗОВ ОКТОМВРИ ВО КАВАДАРЦИ: Едукативна панел-дискусија за здравјето на младите девојки

РОЗОВ ОКТОМВРИ ВО КАВАДАРЦИ: Едукативна панел-дискусија за здравјето на младите девојки

Во рамки на одбележувањето на „Розовиот октомври“ – месецот за подигање на свеста за ракот на дојка, во Кавадарци се одржа едукативна „Розева панел дискусија“, со посебен фокус на младите девојки и средношколките.

Настанот го отворија градоначалникот Митко Јанчев и претседателот на Советот на Општина Кавадарци, д-р Стојанчо Рамов, кои во своите обраќања ја потенцираа клучната улога на превенцијата, навремената едукација и грижата за здравјето уште од најрана возраст.

Свои стручни излагања имаа четири панелистки од различни области:

  • Д-р Гордана Ѓорчева Камчева (специјалист радиолог)
  • Д-р Цветанка Гинева Ристовска (гинеколог)
  • Д-р Весна Ризова (психијатар)
  • Моника Димовска (фитнес инструктор)

Презентациите и дискусијата опфатија важни теми – од превентивни прегледи, репродуктивно и ментално здравје, па сè до физичката активност и изградбата на здрави навики. Ученичките имаа можност директно да поставуваат прашања, кршејќи ги табуата и стереотипите кои често ја следат оваа тема, бидејќи информираноста е првиот и најважен чекор кон здравјето.

Најнови вести