ПРВ.мк
Балкан

ПЕТРОВА СО РЕАКЦИЈА ПО СКАНДАЛОТ СО ИВА МИХАИЛОВА: „Никој не ѝ вршел притисок“

ПЕТРОВА СО РЕАКЦИЈА ПО СКАНДАЛОТ СО ИВА МИХАИЛОВА: „Никој не ѝ вршел притисок“

Бугарската функционерка Петрова се огласи по објавувањето на тајно снимени разговори со Ива Михаилова, во кои се отвора прашањето дали врз неа бил вршен притисок во врска со добивањето рехабилитација и правна помош.

Снимките ги објави бугарскиот јутјубер Станислав Цанов. Во разговорите, Михаилова зборува дека помошта за рехабилитација и правна поддршка била поврзана со услов нејзиното прво интервју да го даде кај новинарот Мартин Карбовски.

По објавувањето на материјалите, Михаилова се огласи преку социјалните мрежи, негирајќи дека некој во Бугарија ја принудувал да направи нешто против својата волја.

„Тука добив помош, грижа и поддршка. Не сакам да бидам дел од политички спорови. Најважно ми е да закрепнам и да продолжам со лекувањето во мир“, порача таа.

Од бугарската Државна агенција за национална безбедност (ДАНС), исто така, ги отфрлија тврдењата дека нивни службеници вршеле притисок врз Михаилова.

Случајот предизвика реакции во бугарската јавност, а дел од опозициските политичари побараа да се проверат изнесените наводи, како и постапувањето на безбедносната агенција.

Во Македонија, против Ива Михаилова се води судска постапка во отсуство за сообраќајната несреќа што се случи во близина на Кочани, во која животот го загуби 33-годишниот Бесим Дурмиши.