Инцидент во Вилнус, главниот град на Литванија, предизвика вознемиреност откако маж изнел статуа на распнатиот Исус Христос од црковен храм и ја скршил на улица.
На видеоснимката од настанот се гледа како мажот ја носи статуата и разговара со друго лице, при што двајцата се шегуваат. Набргу потоа, тој ја крши статуата, по што двајцата мажи го напуштаат местото.
По инцидентот, свештеникот упатил апел до граѓаните за помош во идентификувањето на лицата. Според неговите информации, станува збор за мажи кои зборувале англиски јазик.





