ПРВ.мк
Балкан

НОЌЕН ЗЕМЈОТРЕС ГИ ВОЗНЕМИРИ ГРАЃАНИТЕ: Јачина од 3.8 степени - еве каде е епицентарот!

НОЌЕН ЗЕМЈОТРЕС ГИ ВОЗНЕМИРИ ГРАЃАНИТЕ: Јачина од 3.8 степени - еве каде е епицентарот!

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди подрачјето на југоисточна Босна и Херцеговина, во близина на Требиње, а потресот бил почувствуван и во соседните земји.

Според податоците од сеизмолошките служби, земјотресот се случил кратко по полноќ по локално време. Епицентарот бил лоциран на околу 11 километри северозападно од Требиње и приближно 72 километри југоисточно од Мостар, на длабочина од 10 километри.

Потресот бил почувствуван во поширокиот регион на источна Херцеговина, но и во делови од јужна Хрватска и Црна Гора, поради близината на епицентарот.

Во моментов нема информации за евентуална материјална штета или повредени лица.

Според првичните податоци, јачината на земјотресот изнесувала 3,8 степени според Рихтеровата скала.

Најнови вести