ПРВ.мк
Балкан

МАКЕДОНСКИ КАМИОНЏИЈА ЗАВРШИ ВО ЗАТВОР: Пијан направил сообраќајка!

МАКЕДОНСКИ КАМИОНЏИЈА ЗАВРШИ ВО ЗАТВОР: Пијан направил сообраќајка!

Четириесет и деветгодишен македонски државјанин е осуден на 15 месеци затвор во Солун, откако под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа.

Инцидентот се случил на патот Солун – Калохори, кога возачот со камион удрил во паркирано возило.

Алкотестот покажал присуство на алкохол од 0,76 до 0,78 милиграми на литар воздух, што е значително над дозволеното.

Судот го прогласил за виновен за опасно возење и му изрекол казна затвор, која може да ја откупи со плаќање по 10 евра за секој ден.