ПРВ.мк
Балкан

Мајка и син пронајдени мртви во стан: Соседите со денови чувствувале непријатен мирис

Мајка и син пронајдени мртви во стан: Соседите со денови чувствувале непријатен мирис

Телата на 80-годишна жена и нејзиниот 52-годишен син биле пронајдени во стан на осмиот кат од станбена зграда во Ниш, Србија, откако соседите пријавиле дека со денови чувствувале силен непријатен мирис.

Станарите се посомневале дека нешто не е во ред и ја повикале полицијата. За да се влезе во станот била повикана сестрата на починатата жена, а по отворањето внатре биле пронајдени телата на мајката и синот.

Соседите за српските медиуми раскажале дека непријатниот мирис со денови се ширел низ целата зграда и бил толку силен што морале да ги држат вратите отворени.

Според нивните зборови, мајката и синот живееле сами по смртта на сопругот, односно таткото. Тие велат дека семејството не било познато како проблематично, а 52-годишниот маж повремено престојувал кај мајка си, додека во други периоди живеел во друг стан во центарот на Ниш.

Засега не е познато што довело до нивната смрт, ниту кога точно починале.

Вишото јавно обвинителство во Ниш наредило обдукција на двете тела, која треба да ги утврди точните причини и времето на смртта.