ПРВ.мк
Балкан

Цените на плажите во Црна Гора ги шокираа туристите - еве колку чини една лежалка на плажа

Цените на плажите во Црна Гора ги шокираа туристите - еве колку чини една лежалка на плажа
Escape

Цените на лежалките во Црна Гора ова лето предизвикаа вистински шок кај туристите, откако се откри дека на некои плажи сет од две лежалки и чадор достигнува и до неверојатни 250 евра!

На елитната плажа Пржно, цените варираат од 150 до 250 евра, додека на популарната Јаз лежалка ќе ве чини 30 до 40 евра, што е значително поскапо од лани.

Во одморалиштето Бечиќи, цените се попристапни – од 15 до 25 евра, а според угостителот и спасувач Душан Дапчевиќ, по 17 часот лежалките се бесплатни.

Тој потсети дека плажите мора да бидат поделени – една половина за лежалки, а другата бесплатно достапна за туристите со сопствена опрема, и лежалките мора да се поставени најмалку три метри оддалечени од морето.

Цените сериозно варираат од локација до локација, но останува впечатокот дека за одмор на попознатите локации, ќе треба и „длабок џеб“.

Mia Home Mavrovo