ПРВ.мк
Балкан

Хрватска продава 2.000 литри ракија за само 1 евро по литар – еве како да учествувате

Хрватска продава 2.000 литри ракија за само 1 евро по литар – еве како да учествувате
Escape

Хрватските власти ги продаваат запленетите 2.027 литри овошна ракија по неверојатна почетна цена од само 1 евро за литар!

Станува збор за ракија со јачина од 37 до 45%, која била конфискувана од лица што ја произведувале нелегално. Сега оваа количина се продава на големо, а купувачите имаат шанса да добијат квалитетен алкохолен пијалок по многу поволни услови.

Понудите можат да ги достават правни и физички лица, занаетчии и производители кои ќе ја користат ракијата како суровина за нови алкохолни производи.

Рокот за прибирање писмени понуди е од 8 до 14 јули до 10 часот наутро, а јавното отворање ќе се одржи на 14 јули во Осиек.

Важно е да се знае дека купувачот мора повторно да ја дестилира ракијата, а амбалажата што содржи пијалок треба да се врати или да се истури во сопствена амбалажа веднаш по купувањето.

Ова е ретка прилика за сите кои се заинтересирани за квалитетен производ по исклучително поволна цена!

Mia Home Mavrovo