ПРВ.мк
Балкан

„ЌЕ СЕ ПОВТОРИ РИБНИКАР“: Адвокат од Пирот уапсен поради закани за убиство на судии

„ЌЕ СЕ ПОВТОРИ РИБНИКАР“: Адвокат од Пирот уапсен поради закани за убиство на судии

По предлог на Основното јавно обвинителство во Пирот, на адвокат од тој град, со иницијали Д.Ц., му е одредена мерка задржување до 48 часа, поради сомнение дека им се заканувал на судии од Вишиот суд во Пирот, дознава „Блиц“.

Како што нефицијално дознаваме, против Д.Ц. се води постапка поради сомнение дека извршил кривично дело – загрозување на безбедноста.

Детали за инцидентот

На 11 мај оваа година, незадоволен од одлуката на Вишиот суд во Пирот со која била одбиена неговата жалба како странка против пресуда на Основниот суд во Пирот, тој најпрво во канцеларијата на претседателот на Вишиот суд упатил закана дека ќе ги убие судиите кои учествувале во носењето на одлуката по неговата жалба.

„Додал дека ќе се повтори 'Рибникар', а потоа истите закани ги повторил и при директната средба со оштетените“, вели изворот на „Блиц“.