Во рамки на проектот „Состојбата на физичкиот фитнес, нутритивниот статус и статусот на стапалата кај децата и младите“, денес во О.О.У. „Тошо Велков Пепето“ беа спроведени детални мерења на вкупно 311 ученици од второ до шесто одделение.


Зошто е важен овој проект?
- Следење на физичкиот развој: Прецизен увид во тоа како растат децата.
- Превенција: Навремено детектирање на деформитети на стапалата или нутритивни проблеми за брза реакција од родителите.
- Спортска насока: Препознавање на природниот талент и предиспозиции за спорт кај секое дете.

Општина Кавадарци останува силно посветена на поддршката на младите. Вложувањето во нивниот правилен раст и градењето здрави навики се клучни столбови за иднината на нашиот град.






