ПРВ.мк
Македонија

НОВО СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО МАКЕДОНИЈА: Маж брутално ја нападнал својата сопруга!

НОВО СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО МАКЕДОНИЈА: Маж брутално ја нападнал својата сопруга!

Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 46-годишен скопјанец, откако бил пријавен за физички напад врз својата сопруга.

Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 12 мај околу 20 часот во семејниот дом на подрачјето на скопски Центар, каде осомничениот ја нападнал 45-годишната сопруга.

По добиената пријава, полицијата интервенирала и го привела лицето, по што е спроведена постапка за документирање на случајот.

Од надлежните институции е најавено дека по целосно расчистување на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава против осомничениот.