ПРВ.мк
Македонија

ЖЕНА ТЕШКО ПОВРЕДЕНА ПО ПАД ВО ШАХТА: Хоспитализирана по несреќа на фреквентен булевар!

ЖЕНА ТЕШКО ПОВРЕДЕНА ПО ПАД ВО ШАХТА: Хоспитализирана по несреќа на фреквентен булевар!

Сериозен инцидент се случил на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, каде 47-годишна скопјанка паднала во шахта и се здобила со тешки телесни повреди.

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен во СВР Скопје од Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде повредената била донесена на болничко лекување.

Несреќата се случила на 12 мај околу 16:15 часот, а засега не се соопштуваат дополнителни детали за околностите под кои дошло до падот.

На местото на настанот бил извршен увид од надлежните служби, а се работи на утврдување на сите факти поврзани со инцидентот.