ПРВ.мк
Македонија

Општина Бутел со најголема офанзива во Скопје Север улици патеки паркинзи и училишна фасада

Општина Бутел со најголема офанзива во Скопје Север улици патеки паркинзи и училишна фасада

Општина Бутел продолжува со „градежната офанзива“ во населено место Скопје Север, со активности кои се одвиваат со силна динамика и опфаќаат повеќе клучни точки во населбата. Според објавените информации, реконструкцијата на улицата „Боро Менков“ е во тек, при што првиот крак е завршен, а започнати се работи и на вториот. Во рамки на зафатот ќе бидат опфатени и тротоарите, пешачките патеки и паралелните паркинзи, со цел подобра пристапност и побезбедно движење.

Паралелно, во тек е реконструкција на пристапните патеки до станбените згради во должина од над 2.000 метри, при што се опфатени објектите на улиците „Боро Менков“, „Костурска“, „Лазо Москов“ и „Гоце Стојчевски“. Дополнително, се реконструира и фасадата на општинското основно училиште „Петар Здравковски Пенко“ во Скопје Север.

Во најавите е и реконструкцијата на улицата „Костурска“ заедно со два големи паркинг-простори и пристапни патеки, а за првпат се предвидува и изградба на тротоар за непречено и безбедно движење. Вкупната вредност на проектите во Скопје Север е над 65.000.000 денари, а од општината посочуваат дека станува збор за најголема градежна офанзива што се реализирала во ова населено место.

Најнови вести