ПРВ.мк
Свет

СЗО СО ИТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Хантавирус регистриран во повеќе земји, три лица починаа!

СЗО СО ИТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Хантавирус регистриран во повеќе земји, три лица починаа!

Светската здравствена организација (СЗО) ги повика сите држави на максимална претпазливост и подготовка за можни нови случаи на хантавирус, по смртоносниот кластер поврзан со крузерот „MV Hondius“.

Според последните информации, потврдени се девет случаи, а три лица починале. Заразени патници се регистрирани или ставени под надзор во Франција, Шпанија, САД, Велика Британија, Холандија и Германија.

СЗО предупредува дека инкубацијата на вирусот може да трае и до шест недели, поради што се препорачува засилен мониторинг и карантин за блиските контакти. Сепак, организацијата нагласува дека ризикот за пошироката јавност останува низок и дека ова „не е нова пандемија“.

Најнови вести