Екипите на Ј.П. „Комуналец“, во координација со секторот „Мој Општинар“, продолжуваат со редовните активности за одржување и прочистување на полските патишта на територијата на општината.

Денешните активности се фокусирани на санација на патниот правец од Коњски дупки до депонијата Мелци, поточно до местото каде што е поставен крстот.
Целта на овие активности е:
- Обезбедување непречен пристап и подобра проодност на патиштата.
- Олеснување на движењето на земјоделците и граѓаните кои го користат овој правец.
- Редовно одржување на патната инфраструктура во руралните делови.
Општина Кавадарци останува посветена на постојано подобрување на условите и инфраструктурата во сите делови на градот и околината.






