Општина Кавадарци продолжува со активностите за подобрување на патната инфраструктура и зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Денеска се врши монтажа на заштитна еластична ограда на патниот правец кон селото Чемерско. Овој проект е резултат на успешната соработка со Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), од каде што оградата е обезбедена како донација.
Во реализацијата на терен се вклучени:
- Општина Кавадарци (координација и монтажа)
- ТППЕ Кавадарци (Територијална противпожарна единица)
- Ј.П. „Комуналец“ – Кавадарци
Со поставувањето на оваа ограда значително се намалува ризикот од несреќи на овој специфичен патен правец, особено во зимски услови и при намалена видливост.








