ПРВ.мк
Црна Хроника

ТАТКОТО ЈА ПРОНАШОЛ ГЛАВАТА НА ЌЕРКАТА ВО ЃУБРЕ: Осуден убиецот кој ја сомеле сопругата во индустриски блендер!

ТАТКОТО ЈА ПРОНАШОЛ ГЛАВАТА НА ЌЕРКАТА ВО ЃУБРЕ: Осуден убиецот кој ја сомеле сопругата во индустриски блендер!

Марк Рибен (43), обвинет за свирепото убиство на својата сопруга Кристина Јоксимовиќ, која по злосторството ја обезглавил, а деловите од телото потоа ги сомеле во индустриски блендер, е осуден на доживотна робија.

Таткото на Кристина Јоксимовиќ, кој ја пронашол главата на својата ќерка во ѓубре, неутешно плачеше во судницата откако му беше изречена казната на неговиот зет. Парот во бракот имаше две ќерки.

Убиството се случи во Швајцарија, во февруари 2024 година, а деталите се толку вознемирувачки што јавноста не смееше да присуствува на рочиштата. Судијата Даниел Шмид изјави: „Постојат случаи кои фикцијата ја претвораат во реалност. Овој случај ја промени нашата реалност“.

Казната и отштетата

Освен доживотниот затвор, Марк Рибен ќе мора да исплати и високи отштети:

  • 100.000 швајцарски франци за неговите две ќерки (на возраст од 5 и 6 години).
  • 120.000 франци на таткото на Кристина.
  • 100.000 франци на нејзината мајка.
  • 60.000 франци на нејзината сестра.

Обвинителите истакнаа дека неговото однесување по злосторството било систематско, планирано и покажало „полна мера на неговата омраза“. Иако Рибен тврдеше дека станува збор за „несреќа“ и дека дејствувал во самоодбрана, доказите го демантираа тоа.

Детали за свирепото злосторство

Кристина, поранешна Мис на Швајцарија, со години трпела вербално и физичко насилство. На кобниот ден, парот разговарал за развод. Марк одбил да прифати развод, барал целосно старателство над децата и се заканувал со прекин на финансиската поддршка.

По ескалацијата на конфликтот, тој ја задавил Кристина, а потоа:

  1. Го раскомотил нејзиниот труп користејќи убодна пила, нож и градинарски ножици.
  2. Внимателно ја отстранил нејзината матка (што експертите го опишаа како ритуализирана деградација).
  3. Дел од деловите на телото ги ставил во индустриски блендер, а други ги растворил во хемиски раствор.
  4. Додека го правел тоа, на својот телефон гледал видеа на YouTube.

Таткото го открил хоророт

Злосторството го открил таткото на Кристина. Бидејќи таа не ги зела децата од градинка, родителите се загрижиле. Додека Марк се однесувал нормално, готвел вечера и ги ставал децата во кревет, таткото ја пребарувал куќата. Во подрумот, во црна кеса за ѓубре, ја пронашол отсечената глава на својата ќерка. Излетал надвор врескајќи и повикал помош.

Психолошкиот профил на убиецот

Форензичките психолози кај Рибен дијагностицирале нарцисоидност и опсесивно-компулсивни црти. Тој е опишан како ладнокрвен, без емпатија и со „садистичко-социопатски особини“. Експертите ја отфрлија тезата за паника, нагласувајќи дека неговите постапки биле брзи, целисходни и методично спроведени со цел да се прикријат трагите.