ПРВ.мк
Балкан

Јадранот гори: Три температурни рекорди соборени за само два дена

Јадранот гори: Три температурни рекорди соборени за само два дена

Екстремниот топлотен бран што ја зафати Хрватска донесе нови температурни рекорди. Во Сплит, Дубровник и Сенј се измерени рекордни вредности, а температурите долж Јадранот се доближија до границата од 40 Целзиусови степени.

На метеоролошката станица Сплит-Марјан во 14 часот биле измерени 39,7 степени, со што е надминат претходниот рекорд од 39,5 степени, поставен на 30 јуни годинава.

Сепак, ова не е апсолутен рекорд за поширокото подрачје на Сплит. На станицата Сплит-Каштела во 2017 година биле измерени дури 42,2 степени.

Нов рекорд е забележан и во Дубровник, каде температурата достигнала 39,1 степен. Претходниот максимум изнесувал 38,6 степени и бил измерен во 2025 година.

Во Сенј, пак, биле регистрирани 39,8 степени, со што за една десетинка е надминат претходниот рекорд од 2015 година.

Покрај екстремната жештина, долж хрватскиот брег дува умерена до силна бура, а под Велебит ударите на ветерот локално достигнуваат и олјујна јачина.

Според прогнозите, следува мало намалување на температурите. Во копнениот дел се очекуваат максимални вредности од 26 до 31 степен, додека на Јадранот и понатаму ќе биде многу топло со температури од 33 до 37 степени.

Трите соборени рекорди за само два дена го покажуваат интензитетот на актуелниот топлотен бран во Хрватска.