ПРВ.мк
Балкан

Истрели среде Башчаршија: Полицијата ги утврдува мотивите за нападот

Истрели среде Башчаршија: Полицијата ги утврдува мотивите за нападот

Вооружен инцидент вечерва ја вознемири јавноста во Сараево, откако маскирано лице испукало повеќе куршуми кон угостителски објект на Башчаршија, јавуваат босанските медиуми.

Според првичните информации, пукањето се случило околу 19:25 часот во улицата „Кундурџилук“, една од најпосетените улици во стариот дел на градот.

Како што пренесува „Аваз“, напаѓачот бил со фантомка и ракавици и пукал кон познат наргиле-бар во кој во тој момент имало гости. На улицата, исто така, се движеле бројни граѓани и туристи, поради што настанала паника меѓу присутните.

Полициските екипи веднаш пристигнале на местото на настанот и ја затвориле улицата за време на увидот. Во тек е истрага за утврдување на сите околности, како и за идентификација на напаѓачот и мотивот за нападот.

Според досегашните информации, нема повредени лица, а надлежните најавуваат дека повеќе детали ќе бидат познати по завршувањето на полициската истрага.