ПРВ.мк
Балкан

Густ чад над Петровац додека Црна Гора се бори со разорните пожари (ВИДЕО)

Густ чад над Петровац додека Црна Гора се бори со разорните пожари (ВИДЕО)

Пожарите во Црна Гора и понатаму предизвикуваат големи проблеми, иако ситуацијата во Чањ и Буљарица вчера изгледаше под контрола. Утрово огнот повторно се разгоре, а над Петровац беа забележани вознемирувачки сцени – густ чад ја прекри познатата плажа.

Од 11 август 2025 година земјата се соочува со серија шумски пожари, најкритично меѓу Буљарица и Чањ. Оганот започнал поради запален автомобил на автопатот кај местото Куфин, а силните северни ветрови придонеле за брзото ширење низ густата вегетација.

Во Чањ избувнал голем пожар, при што чадот се насочил и кон плажите. На видеата се гледаат туристи кои, и покрај опасноста, сè уште седат под лежалки или пливаат, додека во позадина се издигнува густиот облак.

Огнот стигнал и до Бар, а од Буљарица беа прикажани драматични снимки од воздушното гаснење на пожарот.

Escape