ПРВ.мк
Балкан

Голема акција: Уапсен претседателот на синдикатот на АНБ

Голема акција: Уапсен претседателот на синдикатот на АНБ

Драгољуб Миловиќ, претседател на синдикатот на Агенцијата за национална безбедност на Црна Гора, е уапсен во Подгорица во рамки на поширока полициска операција.

Информацијата првично ја објави црногорскиот јавен сервис РТЦГ, а според досега објавените податоци, покрај Миловиќ се приведени уште неколку лица.

Акцијата е поврзана со истрага на финансиското работење на синдикалните организации во безбедносниот сектор.

Проверките, според медиумските информации, ги опфаќаат синдикатите на Министерството за внатрешни работи, Управата на полицијата, Агенцијата за национална безбедност и Полициската академија.

Надлежните органи проверуваат финансиски трансакции и други аспекти од работењето на синдикалните организации.

Засега не се објавени целосни детали за тоа што конкретно им се става на товар на приведените лица, ниту дали за сите ќе биде побарано понатамошно задржување.

Се очекуваат дополнителни информации од црногорската полиција и надлежното обвинителство за резултатите од акцијата и понатамошниот тек на постапката.