ПРВ.мк
Балкан

Еден војник загина, а еден е тешко повреден при гаснење пожар

Еден војник загина, а еден е тешко повреден при гаснење пожар
Kristal

Црногорски војник на 41 година загина, а друг е потешко повреден во несреќа која се случи додека гаселе пожар во реонот на Кучи, на југот на Црна Гора. Воената цистерна со вода се преврти, при што дојде до повредите, јави порталот „Вијести“. Тешко повредениот е пренесен во Клиничкиот центар на Црна Гора.

Министерството за одбрана потврди дека во координација со надлежните органи е отворена истрага за причините и околностите на несреќата.

Пожари сè уште се активни на повеќе локации низ Црна Гора, меѓу кои Подгорица, Бар, Будва, Бијело Поље, Никшиќ и Шавник. Особено загрозени се две куќи во Буљарица.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Миодраг Бешовиќ, информира дека е побарана помош од Механизмот на ЕУ за цивилна заштита и од Евроатлантскиот координациски центар на НАТО. Според информациите на Н1, противпожарен авион од Хрватска веќе пристигнал и се ангажира за гаснење на пожарите во Чањ и Буљарица.

FixCredit
Atensa 300
Escape