Голема полициска акција беше спроведена во Белград, при што е уапсено лице по кое биле распишани повеќе потерници за сериозни кривични дела.
Во акцијата учествувале припадници на Управата за криминалистичка полиција, Службата за криминалистичко разузнавање и повеќе организациски единици на белградската полиција.
Според информациите од српските медиуми, осомничениот бил баран од Полициската управа во Ваљево поради сомнение за противправно лишување од слобода, малтретирање и тортура. Дополнително, по него трагале и инспектори од Одделот за борба против дрога поради сомнение за попречување службено лице во вршење на службена должност.
При акцијата, осомничениот се обидел да избега, но полициските службеници брзо реагирале и успеале да го совладаат и приведат.
По приведувањето, судија на претходна постапка при Основниот суд во Ваљево му одредил мерка притвор во траење до 30 дена, додека истрагата за случајот продолжува.









