ПРВ.мк
Балкан

Ниту утрата не носат разладување: Во 8 часот веќе 30 степени

Ниту утрата не носат разладување: Во 8 часот веќе 30 степени

Силен топлотен бран ја зафати Србија, каде што уште во раните утрински часови се измерени невообичаено високи температури. Најтопло било во Зрењанин, каде што во 8 часот биле измерени 30 степени, додека најниската температура е регистрирана во Сјеница со 13 степени.

Во Белград термометрите покажале 29 степени, а во Нови Сад, Кикинда и Банатски Карловац 28 степени. Поради екстремните горештини, црвен метеоролошки аларм е активен во поголем дел од Србија, додека за Косово е издаден портокалов аларм.

Метеоролозите прогнозираат дека дневните температури ќе достигнуваат од 35 до 40 степени, а во одделни делови од земјата попладне се можни краткотрајни врнежи и грмежи.

Според најавите, за време на викендот се очекува мало намалување на температурите, но тоа ќе биде краткотрајно, бидејќи веќе од почетокот на следната недела повторно се прогнозира ново затоплување.

Најнови вести