ПРВ.мк
Балкан

Вучиќ најавува: Судбината на НИС ќе се решава во рок од седум дена - ќе се избегне ли конфликтот ?

Вучиќ најавува: Судбината на НИС ќе се решава во рок од седум дена - ќе се избегне ли конфликтот ?
Kristal

Српскиот претседател Александар Вучиќ истакна дека одлуката за судбината на нафтената компанија НИС, поради тоа што ОФАК не ја продолжи лиценцата за работа, мора да се донесе во текот на следната недела. Тој нагласи дека Србија сака по секоја цена да избегне конфискација или заплена на имотот на било кого.

Вучиќ потенцираше дека руските партнери, кои се сопственици на компанијата, имаат право да одлучуваат, но дека Србија има право да обезбеди сопствено снабдување со нафта. Тој изрази надеж дека азиските и европските партнери на Русите ќе прифатат преговори за сопственоста и додаде дека, ако не се постигне договор, Србија е подготвена да понуди повисока цена за купување на НИС.

Претседателот истакна дека Хрватска ја прекинала испораката на нафта пред воведувањето на санкциите, додека српските банки се изложени на ризик и треба да се обезбеди финансиска стабилност. Вучиќ изјави дека се преземени мерки за да се обезбедат резерви на гориво, храна и енергетски ресурси, со цел да се избегнат критични проблеми.

Тој нагласи дека НИС и рафинеријата во Панчево мора да продолжат со работа за да се обезбеди целосно снабдување на земјата и дека одлуката ќе се донесе во последен момент, при што граѓаните нема да почувствуваат нарушувања во снабдувањето во наредните 30 дена.

Вучиќ го повика Владата и локалните власти да обезбедат дополнителни резерви на гориво и гас, посебно за критичните региони и инфраструктурни интерконектори, како што е гасоводот од Лесковац до Врање, важен за поврзување со Македонија.

Во истовреме, претседателот нагласи дека Србија ќе ги исцрпи сите дипломатски и финансиски можности пред да започне какви било административни или принудни мерки кон сопствениците на НИС.

Escape