ПРВ.мк
Балкан

Тивка подготовка за моќ, Албанија се вооружува со израелска технологија - дали е ова подготовка за нешто големо?

Тивка подготовка за моќ, Албанија се вооружува со израелска технологија - дали е ова подготовка за нешто големо?
Kristal

Албанските медиуми објавија дека Израел, преку компанијата „Елбит Системс“, ќе ја снабдува Албанија со напредни артилериски системи, меѓу кои хаубици, минофрлачи и беспилотни летала. Договорот исто така предвидува израелската компанија да ѝ помогне на Албанија да развие сопствено производство на воено оружје.

Министерот за одбрана на Албанија, Пиро Венгу, потврди дека деталите од договорот се доверливи, но дека државната компанија „KAYO“ ќе го води процесот на имплементација.

Медиумите во Израел наведуваат дека договорот е дел од зајакнувањето на билатералните односи меѓу двете земји. На 10 ноември Албанија стана 64-та земја-членка на Фондацијата на сојузници на Израел (ИАФ), формирајќи парламентарна група со пратеници од сите партии за поддршка на Израел, со копретседатели Ромина Куко и Газменд Барди.

Escape