ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) Украинската армија не се предава, рафинерија крај Москва нападната - ова се деталите

(ВИДЕО) Украинската армија не се предава, рафинерија крај Москва нападната - ова се деталите
Kristal

Украинската армија соопшти дека денеска извршила напад врз руска рафинерија во регионот Рјазан, близу Москва, со цел да ја намали способноста на Русија за лансирање ракети и бомби.

Рускиот гувернер Павел Малков истакна дека руската противвоздушна одбрана успеала да собори 25 украински беспилотни летала над регионот во текот на претходната ноќ. Тој додаде дека е предизвикан пожар во објектот, но нема повредени лица.

Овој напад следува еден ден по интензивните руски воздушни напади врз станбени објекти во Киев, при што, според последните информации, загинаа седум лица.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА

Escape